ФОТО: Клиент во „Валијант“ блокираше 20-тина возила на паркингот во Центар, избегната тепачка

Фото: Слободен печат

Предмалку вистинска мешаница настана на паркингот зад клубот „Валијант“ во центарот на Скопје, откако еден возач кој заминал во клубот, својот џип со скопски таблички, го оставил среде улица, со запалени четири трепкачи, создавајќи зад себе колона од возила кои не можат да излезат од овој паркинг, дознава Слободен печат.

Фото: Слободен печат

Нервозните возачи свиреле и излегувале од автомобилите во очекување да се појави набрзо дрскиот возач кој не се паркирал прописно со што блокирал 20-тина возила кои се обидувале безуспешно да излезат од овој паркинг кој е најскап во Општина Центар.

Фото: Слободен печат

Имено, тука паркирањето во траење од еден час чини 250 денари.

Фото: Слободен печат

Откако после 20-тина минути се појавил несовесниот возач, избегната е тепачка со револтираните возачи кои чекале во редот да излезат надвор.

 

 

Видео на денот