ФОТО | Клаудија Шифер во секси долна облека им го честиташе Божиќ на обожавателите!

Instagram

Многу sвезди ширум светот споделија фотографии со своите семејства каде уживаат во заедничко дружење. Тие покажаа раскошно украсени домови, како и традиционални „грди божиќни џемпери“, а еден од најпознатите супермодели во историјата го направи спротивното.

Клаудија Шифер им го честиташе Божиќ на своите обожаватели со провокативна фотографија на која е облечена во црвена секси долна облека и капа на Дедо Мраз од нејзините помлади денови.

Волшебната Клаудија ја открија модните агенти во еден ноќен клуб во Дизелдорф и наскоро стана една од најбараните супермодели. Триесет години подоцна, за британскиот Ел, таа погледна назад во завидната кариера и откри до сега непозната пикантност за нејзиниот живот.

Инстаграм

„Беше лудо време! Живеев како рок sвзда. Ме чуваа телохранители на секоја модна ревија. Не само јас, туку и облеката, дури и долната облека – градници и гаќички. Секој пат кога ќе излезев на пистата и ќе се вратев, моите работи ги немаше, сè ќе беше исчезнато. Затоа мојата долна облека мораше да има свои чувари“, рече 50-годишната Шифер. Денес таа е среќна сопруга на режисерот Метју Вон и мајка на 17-годишниот син Каспер, 15-годишната ќерка Клементин и 9-годишната Косима.

Убавицата со германско потекло сè уште може да се пофали со витка линија на која можат да и позавидат и нејзините многу помлади колешки, а неодамна искрено зборуваше за стареењето и објасни дека со задоволство ја прифаќа нејзината зрела возраст. ‘Не се обидувам да изгледам или да се чувствувам помладо отколку што сум. Уживам во сегашниот момент’, рече Клаудија.

Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот