ФОТО | Ќерката на Раде Шербеџија раскажа низ каков пекол поминала: Од инвалидска количка паднала во депресија

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Ќерката на актерот и режисер Раде Шербеџија, Луција Шербеџија (48), решила да проговори за тешкиот период од нејзиниот живот кој сега е зад неа.

Луција тргнала по стапките на својот татко – се занимавала со глума и музика, а потоа ја погодиле сериозни животни проблеми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucija Serbedzija (@lucijaserbedzija)


Меѓутоа, Луција успеала да се избори и сега свртела нов лист – наскоро ќе објави албум со 10 песни.

– Не беше лесно да почнам да пишувам. Сепак, си реков, Луција, треба да тргнеш. Замисли си ја најубавата љубовна песна на хартија којашто некогаш си ја прочитала и тргни. И тогаш сфатив дека поентата е во едноставноста и во играта со зборови – изјавила актерката за „Јутарњи лист“.

– Сакам да пеам, отсекогаш. Има нешто интересно во тоа, пејачите секогаш сакаат да глумат, а актерите да пеат. Музиката е исклучително важна во животот, пеењето ми е неизмерна радост, но се уште никогаш не сум направила толку значаен чекор, така што се радувам – додала Луција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucija Serbedzija (@lucijaserbedzija)

Во последните пет години ги скршила двата колкови – прво ѝ пукнал едниот колк, неколку години подоцна и другиот, па на шега вели дека сега е „избалансирана“. Освен тоа, како и многумина, на почетокот на пандемијата упаднала во депресија.

– Изминатите месеци беа тешки. Но, животот ме научи секогаш да се трудам да бидам позитивна и да ја гледам светлината. Ако врне, велам, супер, ми се мие автомобилот. Бев недоносена, прерано се родив и едвај преживеав, се навикнав на борба. Затоа, сè уште многу работам на себе – рекла Луција и додала дека се занимава со планинарење и медитација.

ЌЕРКАТА НА РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА ИТНО ОПЕРИРАНА: Доживеала ИСТА НЕСРЕЌА како пред неколку години!

 

Видео на денот