ФОТО: Ким Кардашијан не ја пропушти големата прослава на Бекамови
Избрани славни личности се собраа во петокот на отворањето на хотелот „Goodtime“ во Мајами, кое славната двојка Викторија и Дејвид Бекам го искористија и за приватна прослава, а меѓу ВИП гостите беше и Ким Кардашијан.
Модната дизајнерка Викторија Бекам во петокот го прослави својот 47-ми роденден, а на роденденската забава во Мајами, присуствуваа бројни познати личности.
View this post on Instagram
Ким, која неодамна стави крај на бракот со сопругот Канје Вест, се забавуваше на отворањето на хотелот „Goodtime“ во Мајами, а на својот инстаграм – профил и го честиташе роденденот на Викторија, споделувајќи заедничка фотографија.
View this post on Instagram
Основачката на „KKW Beauty“ на забавата се дружеше со бројни познати личности, како 27-годишниот пејач Малума, познатиот продуцент и пејач Фарел Вилијамс и угостителот Дејвид Грутман, ко-сопственик на ново луксузно место на плажата Мајами.
View this post on Instagram
На забавата се прослави и отворањето на сезоната на фудбалскиот клуб Интер – Мајами, чиј косопственик е Дејвид Бекам. Двојката Бекам се забавуваше во опуштена атмосфера во ВИП област.