ФОТО: Ким Кардашијан не игра „Монопол“ туку „Кимопол“ – најкул подарок за нејзиниот 40-ти роденден

Фото: Инстаграм

Најпознатата ријалити ѕвезда на планетата за својот 40-ти роденден доби многу подароци, но таа сподели како изгледа еден од најкреативните подароци што ги добила во животот.

Фото: Инстаграм стори/Принтскрин

Експертот за маркетинг, Сајмон Хак, близок пријател на Ким Кардашијан и нејзиното семејство, ја воодушеви старлетата со роденденски подарок во кој очигледно се вложило многу труд, фантазија и хумор.

Фото: Инстаграм стори/Принтскрин

Имено, тој на својата славна пријателка и подари персонализиран „Монопол“ за нејзиниот 40-ти роденден наречен -„Кимопол“.

Фото: Инстаграм стори/Принтскрин

Популарна игра е прилагодена на вкусовите, животот, биографските податоци за Ким, навиките и многу други детали. Таблата за игра е во препознатливата нијанса на брендот СКИМС на Ким, а некои од полињата се адресите на важните места за Ким: првиот стан во кој Ким живееше самостојно, болницата каде што е родена, првата куќа во која се снимаше шоуто „Во чекор со Кардашијанс“, куќата на нејзиниот покоен татко, нејзината најдобра пријателка Алисон …

Фото: Инстаграм стори/Принтскрин

Еден од најсимпатичните детали е „менаџерскиот хонорар“, кој се однесува на тоа колку пари Ким му дава на нејзиниот менаџер, а мајка и Крис Џенер во оваа игра дава „данок на гламур“.

Боже, Симон ова е најкул кул подарок досега! Тоа е „Кимопол“! – вели Ким низ смеа на видеото што го сподели на Инстаграм стори пред своите обожаватели.

Фото: Инстаграм стори/Принтскрин

Таа не го криеше својот ентузијазам, па гордо ги покажа сите детали од оваа симпатична игра направена само за неа.

„Сериозно, умирам“, се пошегува Кардашијан.

Фото: Инстаграм стори/Принтскрин

Банкнотите кои се дел од традиционалниот Монопол сега го носат ликот на Ким, а традиционалните фигури во играта се заменети со минијатурна камера, телефон што може да се преклопи во духот на почетокот на 2000-тите, чевли и уште многу детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот