ФОТО: Ким Кардашијан ја опиша 2020 година со смешна фотографија од нејзината ќерка

Instagram
Фото: Инстаграм

Најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, претстави како нејзината 2020 година би изгледала доколку е фотографија, со кадар на нејзината ќерка Норт и нејзината мала братучетка Пенелопе.

Кардашијан на својот Инстаграм профил ја објави споменатата фотографија од двете девојчиња, со која ги насмеа нејзините обожаватели, а секако не било воопшто смешно во вистинскиот момент кога е создадена оваа фотографија.

Имено, Ким ја држи Пенелопе, која исто така изгледа исплашено, без оглед дали е од нешто што го видела или слушнала, а притоа малечката несвесно замавнува со рацете и ја удира нејзината братучетка Норт.

Instagram
Instagram
„2020 година како фотографија“, напиша Кардашијан и додаде емотикон кој плаче од смеа, а според изразот на лицето на нејзината ќерка, може да заклучиме дека ударот не бил воопшто благ.

Оваа фотографија ја опишува 2020, како еден голем, неочекуван удар во лице.

Патем, семејството Кардашијан не ги почитуваше мерките против коронавирусот за Денот на благодарноста, бидејќи тие се собраа како семејство во куќата на нивната мајка Крис Џенер

Instagram
Instagram

На граѓаните во Калифорнија претходно им беше препорачано да не патуваат за тој празник или да се собираат поради пандемијата на коронавирисот, а на фотографиите, во куќата на Крис, може да се види маса поставена за 14 лица.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот