ФОТО | Ким Кардашијан има ново момче: Дел од фановите се пресреќни, а останатите ја осудуваат дека само го искористува!
Додека Канје Вест сѐ уште не може да се помири дека Ким била сериозна со одлуката за развод, дополнително се шират и гласините дека Ким Кардашијан и репортерот Ван Џонс од неодамна се во врска.
Риалити ѕвездата наводно започнала романса со политичкиот репортер на Си-Ен-Ен за време на бракоразводната парница која ја води во моментов со раперот и моден дизајнер Канје Вест.
View this post on Instagram
Ким и Ван се блиски пријатели со години, а нивната наводна врска ја подели јавноста – некои се пресреќни и веќе ја слават за нивната љубов, а некои сметаат дека Ким само го користи славниот водител за да ја зацврсти својата понатамошна политичка кариера.
Риалити ѕвездата, всушност, се подготвува за правосуден испит затоа што сака да стане адвокатка, па многумина се сомневаат во нејзните искрени намери со Ван.
View this post on Instagram
„Прво ја видовме како го користи Канје за да напредува во модниот свет, а сега Ван Џонс ѝ помага да напредува во правните кругови …“, стои во еден од бројните коментари на Твитер.