ФОТО | Кич, невкусна голотија… Погледнете ги најголемите модни промашувања во 2022

Најголемите модни утки за 2022 година / Фото: EPA

Кич, невкусна голотија и промашени модни комбинации. Погледнете кои славни дами се најдоа на листата на модни промашување во 2022 година.

Сите дами, кои сакаат да блеснат на црвениот тепих, го планираат својот аутфит со недели и месеци однапред. Огромната желба да се истакнете и да се издвоите од толпата може да резултира со целосно промашување.

Нешто што требало да биде моден хит, се претворило во моден пропуст.

Секој може да направи грешка, па да се потсетиме на сите оние гафови на црвените килими, кои се случија во текот на 2022 година.

Џиџи Хадид

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)


Уредниците на модните списанија и модните критичари се запрашаа што се случи со оваа манекенка додека ја избирала облеката за Мет Гала 2022. Џиџи носеше црвен корсет и црвени панталони од латекс, а огромната „пуфнеста“ наметка целосно „ја изеде“.

Емили Ратајковски

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Met Gala (@themetgalaofficial)


Убавата Емили се најде на врвот на листата на најлошо облечени на Мет Гала, а за сѐ е виновно карневалското издание. Мониста, реси, тул, мрежа, тантела и свила… Сето тоа беше натрупано во еден фустан и сето тоа беше едноставно „премногу“.

Џулија Фокс


Неспорно е дека оваа актерка има прекрасна фигура, а исто така неспорно е дека разголените фустани не се невообичаени на црвениот тепих. Меѓутоа, меѓу модните критичари, голиот фустан на оваа актерка не го предизвика тој „чудо“ ефект. Џулија изгледала чудно во овој аутфит.

Тајла Паркс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TAYLA PARX (@taylaparx)


На доделувањето на Греми наградите во 2022 година, пејачката се трансформираше во нејзиното омилено растение. Во зелен комбинезон со шилци и жолти чизми, таа глумеше кактус.

Самер Вокер

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Summurai 🤍 (@summerwalkersource)


Пејачката на доделувањето на BET наградите се појави топлес, покривајќи ги брадавиците само со златни налепници. Остатокот од нејзината облека беше повеќе откри отколку што сокри. Наводно, при создавањето на оваа креација, нејзиниот дизајнер бил инспириран од традиционалниот накит на народот Хмонг, а подоцна дизајнерот и пејачката, членови на група која живее во Југоисточна Кина, биле обвинети за културно присвојување.

Били Ајлиш


Били беше на врвот на листата на најлошо облечени на 94-тото доделување на Оскарите. Обемниот црн фустан целосно го криеше нејзиното тело. Тоа мрачно црно издание дури и не му ласкаше на нејзиниот тен.

Лизо

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Video Music Awards (@vmas)


Уште еден огромен црн фустан кој целосно го сокри телото и силуетата на пејачката. Изгледа како да е направен од црни најлонски ќеси за ѓубре. Пејачката се пожали дека ѝ е жешка во тоа руво. Ние веруваме во тоа, бидејќи материјалот изгледа вештачки и непропустлив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот