ВИДЕО+ФОТO | Кети Пери престанала да се депилира откако стана мајка: Нозете на маса за сите да се уверат!

Instagram
Instagram

Пејачката Кети Пери стана мајка минатото лето. Пејачката со актерот Орландо Блум ја добија ќерката Дејзи Доув Блум. За пејачката ова е прво дете, за разлика од актерот Орландо кој го има синот Флин (9) од бракот со манекенката Миранда Кер (37).

Мајчинството бара многу откажувања, а меѓу многуте пејачката сподели дека депилацијата на нозете сè уште не е на нејзината приоритетна листа, споделувајќи ја нејзината ситуација како нова мајка за време на судењето во „Американски идол“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)


Во една од емисиите на „Американскиот идол“, каде Кети е член на жирито и се обрати на натпреварувачката Касандра Колман:

„Вашиот глас е духовно искуство. Тоа е од друг свет, ангелско е. Како нова мајка, немам многу време, па престанав да ги бричам нозете. Но, кога пееше, влакната на моите нозе се искачија за пет сантиметри. Чувствував трнење по целото тело! Тоа беше неверојатно“, изјавила пејачката.

Таа дури и им ги покажала влакната на нозете на своите колеги од жирито, ставајќи ги нозете на масата.

Пејачката подоцна објави анимирана слика со влакнести нозе на  својот твитер – профил и напиша: „Вистински поглед на моите нозе кога ќе ја слушнам како пее Касандра“, се пошегува таа.

Пери призна дека да се биде мајка е најдобрата работа на светот, но дека кога ќе станете мајка, сите други работи стануваат помалку важни.


„Мислам дека почнуваш да разбираш некои работи кога ќе станеш мајка … едноставно треба да се фокусираш да бидеш мајка. И тоа не затоа што не ги сакаш другите луѓе, туку едноставно затоа што сакаш да бидеш добар родител“, објаснила пејачката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот