ФОТО: Ќерката на актерот Алек Болдвин повика на гласање со топлес фотографии

Instagram

Ќерката на холивудските актери Ким Бесинџер (66) и Алек Болдвин (62), Ајрленд Болдвин (25) на социјалните мрежи сподели фотографии со кои ги охрабрува своите следбеници да гласаат на претстојните претседателски избори во Америка.

 

Instagram

 

Ајрленд на својот Инстаграм профил објави три фотографии на кои позира топлес фотографии, покривајќи ги брадавиците на нејзините гради со налепници „I voted“ – „Јас гласав“.

 

Instagram

 

Таа, како и многу други јавни личности, ги повика граѓаните на Америка да гласаат во што поголем број. „Гласањето е кул“, порача таа.

 

Instagram

 

Нејзината објавата собра повеќе од 41.000 лајкови. Ајрленд на својот Инстаграм профил има над 627.000 следбеници.

 

Instagram

 

Болдвин позира во дворот на својот дом во Лос Анџелес, пред огромен базен. Од фотографиите може да се забележи дека младата девојка живее во луксузен дом, но сето тоа секако останува во втор план, имајќи предвид дека тоа воопшто не е во фокус.

 

Instagram

 

Нејзиниот татко, актерот Алек Болдвин генерално ја критикува бидејќи сметал дека фотографиите што ги објавува неговата ќерка се премногу провокативни, но за последните три фотографии неговите обожаватели сѐ уште чекаат реакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот