ФОТО: Кејт Мос е новото заштитно лице на модната линија на Ким Кардашијан

кејт мос ким кардашијан
ФОТО: Инстаграм

Ким Кардашијан во објава на „Твитер“ ја претстави Кејт Мос како новото заштитно лице на нејзината модна линија „SKIMS“.

Во летната кампања на „SKIMS“, 47-годишната модна легенда позира топлес во боксерки од брендот. Во други фотографии, таа позира во градници и долна облека во нијанси на црна, бела и кремова боја.

„Првпат ја запознав Кејт во 2014 година преку Рикардо Тиси и веднаш ме погоди нејзиниот дрзок хумор, автентична и класична убавина, оттогаш сме пријатели!“, напиша Кардашијан на „Твитер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

„Таа е модната икона, дефинирајќи цела генерација на стил и ми е чест што ова лето ја претставувам како новото лице на „SKIMS!“, додаде таа.

ФОТО | Ким Кардашијан и Кејт Мос во посета на Ватикан: Ријалити sвездата со причина го украде целото внимание

Иако двете биле пријателки со години, тие минатиот месец го обиколиле Ватикан заедно со 18-годишната ќерка на Мос, Лила.

Ким Кардашијан најави ребрендирање на својот бренд за убавина – ја откри и причината

Видео на денот