ФОТО | Кејт Мидлтон првпат во јавноста по дијагнозата на рак: Снимена со Вилијам и децата на парадата

Прво појавување на Кејт Мидлтон во јавноста по дијагнозата на рак / Фото: Stephen Lock / Zuma Press / Profimedia

Веста дека принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ќе присуствува на кралската роденденска парада ја изненади цела Велика Британија, но и светската јавност.

Кејт Мидлтон, како што најави вчера, се појави на Роденденската парада на кралот, позната и како Trooping the Color, со своето семејство во Лондон.

Таа беше забележана во кочија со сопругот, принцот Вилијам и децата, како дефилира низ улиците на Лондон и ги поздравува луѓето кои дојдоа да присуствуваат на оваа голема церемонија.

Фото: Ian Vogler / MirrorPix / Profimedia

Според пишувањето на странските медиуми, подоцна принцезата и нејзиното семејство ќе ја поздрават јавноста од балконот на Бакингемската палата.

Оваа вест ја изненади цела Велика Британија, но и светската јавност, со оглед на тоа што никој не очекуваше толку рано враќање на принцезата од Велс.

Фото: Ian Vogler / MirrorPix / Profimedia

Сепак, овој настан е исклучително важен за целото кралско семејство. Тоа е роденденска парада за монархот, а портпаролот на палатата рече дека кралот Чарлс Трети е „воодушевен што принцезата може да присуствува на утрешните настани“.

Принцезата, исто така, изрази благодарност за пораките за поддршка од јавноста за време на нејзината болест, велејќи дека е „трогната со огромната количина на охрабрување“.

ФОТО | По долго времe: Објавена заедничка фотографија на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Кејт Мидлтон се враќа во јавноста побрзо отколку што мислевме? Еве каде се очекува да се појави принцезата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот