
ФОТО | Кејт Мидлтон има нова фризура по која жените „полудеа“: Сега знаеме и како се прави!
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, важи за една од најдобро стилизираните жени во светот.
Препорачано
Кејт редовно ни прикажува внимателно одбрани модни изданија, па оправдано е секогаш на врвот на листата кога е модата во прашање.
Роденденската честитка на принцот Вилијам за принцезата Кејт Мидлтон привлече внимание и поради нејзината фризура.
Честитката која ѝ ја упати принцот Вилијам, на која се наоѓа Кејт, привлече големо внимание поради самиот гест, но многумина забележаа и дека на почетокот на оваа година добивме и фризура која ќе стане вистински хит.
View this post on Instagram
„Кралските бранови“ кои ги избрала Кејт веднаш станаа главен тренд и очекуваме наскоро да ги преплават улиците.
Иако Кејт и претходно имала бранови, овојпат тие се поизразени и со поголем волумен, па претставуваат и некој нова верзија на холивудските бранови.
– Во основа, Кејт го унапреди холивудскиот стил на бранови. За да го постигнете, користете или крем или спреј – откако ќе ја исушите косата со фен. Исушете ја косата рамно, а потоа свиткајте ја косата со апарат за виткање, и тоа така што ќе земате поголеми прамени – рекол фризерот Том Пајк во интервју за „Хелоу“.
– Кејт ја раздвоила косата одзади, па ја турнала напред, така што изгледа како косата да е таква природна, јас тоа го нарекувам кралски бран и изгледа како да имате огромен бран – заклучил фризерот.
ФОТО | Војвотката од Кембриџ во патики од 6.000 денари: Удобност пред сè за Кејт Мидлтон
ВИДЕО | Кејт Мидлтон одржа емотивен говор на Бадник: Да се свртиме кон љубовта, а не кон стравот