
ФОТО | Кејт Мидлтон има нова боја на косата која ќе биде апсолутен хит за пролет 2025 година: Подмладува, дава дополнителен волумен и изгледа софистицирано
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се врати во игра и продолжува да ги диктира трендовите на модата и убавината. Здивот на пролетта веќе влезе во нејзината гардероба, а очигледно и во косата, која деновиве е посветла од вообичаено. Во фина нијанса на карамела, суптилна и софистицирана, како што умее само Кејт Мидлтон.
Препорачано
Кејт Мидлтон се врати на теренот и повторно, на општа радост, ја гледаме речиси секој ден, а во пресрет на новата сезона решила и малку да го поднови својот изглед. Се приближуваме до посветлиот период од годината, па во склад со тоа, таа суптилно, но секако забележливо, ја осветлила косата.
Промената била забележлива веднаш штом се симнала од автобусот со еден куп деца што ги носела во Националната галерија на портрети. Таа за овој настан избрала шик стајлинг и одлично го комплетирала со фризура која на прв поглед изгледа иста како порано, но на втор поглед е посветла од вообичаено, со благи бранови.
View this post on Instagram
Нејзината коса, која сега е подолга од кога и да е, одлично се вклопила со блејзерот во чоколадна боја, црната ролка и широките панталони со пруги. Покрај локните кои се благо брановидни, за свежината придонела и нова нијанса на косата. Пролетна.
Мајкл Греј, познат фризер во чии умешни и вешти раце имаат доверба многу познати дами, истакнува дека Кејт Мидлтон секогаш има најубава, најздрава и најблескава коса. Софистицирана, со еден збор.
Карамел тоновите одлично ѝ прилегаат, забележува Греј. Малата промена секако е добредојдена, особено ако се земе предвид низ што поминала во не така далечното минато.
– Деновите наскоро ќе станат подолги и посветли, па нејзината фризерка одлучила да воведе суптилни пролетни отсјаи и балајаж боја, што создава илузија дека косата е посветла. Освен тоа, изгледа здраво и природно, токму онака како што сака принцезата.
View this post on Instagram