Фото: Pool / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на „ривалските“ страни: Секој го бодреше својот рагби тим

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ја прослави триумфалната победа на англискиот рагби тим на стадионот „Принципатити“ во Кардиф. Кејт, која е покровител на Рагби фудбалската унија (РФУ) и принцот Вилијам, кој е покровител на Велшката рагби унија (ВРУ) од 2016 година, заедно навиваа на рагби натпреварот – секој ја поддржуваше спротивната страна.

Иако ривалството на теренот беше долгогодишно и длабоко вкоренето меѓу двата спортски тима, натпреварот помеѓу принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон беше повеќе од пријателски карактер.

И додека Кејт беше забележана како се радува додека англиската страна продолжи да ја зголемува својата рекордна победа, местата низ стадионот со капацитет од 74.500 луѓе почнаа да се празнат бидејќи гневните велшките навивачи повеќе не можеа да го поднесат поразот. Принцот Вилијам изгледаше разочарано носејќи го својот светло-црвен шал, во иста нијанса како лентата на велшкиот рагби тим.

Пред натпреварот, принцот и принцезата од Велс се сретнаа со повредените играчи поддржани од велшкиот рагби добротворен фонд, чиј покровител е Вилијам. Тие разговараа со нив во апартманот Сер Таскер Воткинс, простор на стадионот на „Принципати“. Блескавата двојка изгледаше одлично, обајцата во дебели палта поради студеното време во Кардиф (7 Целзиусови степени) пред да седнат на своите места за натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот