ФОТО | Кејт Хадсон позираше топлес: Сите зборуваат за реакцијата на нејзиниот брат

кејт хадсон
Кејт Хадсон и нејзиниот брат Оливер / Фото: Принтскрин/Инстаграм/ЕПА-ЕФЕ

Холивудската актерка Кејт Хадсон е една од ретките која не објавува разголени фотографии, па нејзината најнова објава изненади и шокираше многумина, особено нејзиниот постар брат Оливер.

„Сонцето излезе“, стои во описот на најновата фотографија на актерката Кејт Хадсон, која се појави на интернет и за кратко собра бројни лајкови, а многумина изненади.

Имено, на фотографијата познатата 43-годишна актерка позира топлес, градите ѝ се покриени со долгата руса коса, а во раката држи чаша. Кејт има со што да се пофали, па нејзиното утринско издание наиде на пофалби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)

Вакво нешто не е невообичаено за многу славни дами, но не сме навикнати на вакви потези од познатата холивудска убавица.

Иако овој потег ги воодушеви нејзините многубројни обожаватели и соработници, а истиот прилично го шокираше постариот брат на Хадсон, Оливер.

Неговата реакција се состоеше од коментар под фотографијата – „не“, а тоа кажува сè. Инаку, 45-годишниот Оливер и две години помладата Кејт се исклучително блиски, а заедно поминуваат низ бројни животни ситуации. Годишните одмори најчесто ги поминуваат заедно со своите деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот