ФОТО | „Ќе добиеш се што ќе посакаш“: Курц му праќал бакнежи на секретарот, откриени и експлицитни фотографии

Австрискиот канцелар Себастијан Курц си поднесе оставка/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Нов скандал ја потресе Австрија, откако медиумите објавија пораки кои канцеларот Себастијан Курц наводно ги разменувал со поранешниот секретар на Министерството за финансии Томас Шмид.

Покрај пораките со бакнежи кои наводно канцеларот му ги испраќал на секретарот, во телефонот на Томас Шмид се пронајдени околу 2.500 експлицитни фотографии, пишува Блик.

Пораките беа откриени по истрагата против другите членови на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) на Штрахе и Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц, по аферата со Ибица.

Мобилниот телефон на Шмид е одземен, во кој, според австриските медиуми, наводно сè било избришано, но форензичарите сепак успеале да ги пронајдат пораките, меѓу кои и разменетите со Курц.

Во преписката, наводно, се гледа како Курц му испраќа порака на Шмид: „Ќе добиеш се што ќе посакаш“, покрај која има три емотикони кои испраќаат бакнеж. Шмид одговорил: „Јас сум многу среќен. Го сакам својот канцелар“. Неколку недели по размената на овие пораки, се појави аферата Ибица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот