ФОТО | Каролина Гочева со сопругот ужива на Крф: Пејачката сподели прекрасни фотографии од семејниот одмор

Каролина
Фото: Instagram

Нашата позната пејачка, Каролина Гочева ги избегна скопските горештини поминувајќи го летниот одмор на прекрасниот грчки остров Крф.

Македонското девојче ги изненади своите фанови со бројни фотографии на кои може да се забележи дека вистински ужива во убавините на прекрасниот остров со својот сопруг, уметникот Михаил Корубин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Моменти поминати на прекрасните песочни плажи покрај Јонското Море, романтична вечера, совршен летен изглед за вечерно излегување, како и убавините на еден од најубавите грчки острови, се најдоа на фотографиите на Гочека, креирајќи совршен летен албум.

Каролина со своите фанови сподели и една прекрасна фотографија додека ужива на плажа, во убав костим за капење кој го истакнува нејзиното совршено тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот