ФОТО | Каролина Гочева со емотивна објава за роденденот на нејзината мајка: Најважната жена во нашиот живот!

Фото: Принтскрин / Instagram

Нашата позната пејачка Каролина Гочева секое слободно време се обидува да го помине со своето семејството, своите најсакани и луѓето кои ѝ значат.

Денес пејачката имаше посебен повод за славење кој го сподели со нејзините бројни обожаватели и пријатели – роденденот на нејзината мајка Светлана.

Каролина ѝ го честиташе роденденот со емотивна објава на својот инстаграм-профил со семејна фотографија од нејзината свадбена прослава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

;

На фотографијата пејачката позира заедно со нејзината сестра Сандра, внуките Луција и Инес и славеничката Светлана.

„Среќен роденден на најважната жена во нашиот живот! Те сакаме најмногу мамо! Секогаш да си ни насмеана како на сликава“, ѝ посака Каролина.

Под нејзината објава следеше лавина коментари со најтопли честитки по повод роденденот на мајката на Каролина. Кон честитките се приклучија и неколку наши славни личности.

„Нека е најсреќна мајка и вие со неа“, посака Елена Ристеска. „Среќен роденден тетка Светле“, честиташе Цаци Паковска, „Да е среќна!!!“, посака Калиопи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот