ФОТО | Каролина Гочева: „Добив куп пораки, за момент си помислив и дека стварно ми е роденден“

Фото: Instagram

Нашата пејачка Каролина Гочева иако не е многу активна на социјалните медиуми секоја нејзина објавена фотографија нејзините фанови ја проследуваат со внимание, а вчера на првиот ден од месец март Каролина беше најактуелна.

Каролина објави фотографија, а како што напиша на својот инстаграм – профил фановите ја преплавиле со пораки:

Денес (1март) добив куп пораки, за момент си помислив и дека стварно ми е роденден. Сериозно ќе размислам од следна година да си го славам и денешниов „празник“. Па, среќен нека е!

Причината за пораките е еден омилените хитови на македонската публика од Каролина, песната Први Март, а вчерашниот ден бројни нејзини фанови го обележаа со оваа песна.

Каролина на последната фотографијата носи црни фармерки, блуза и капут. Изгледот го заокружилa со спортски патики и мини елегантна чанта од брендот „Jacquemus“ која чини околу 665 американски долари.

Спортската елеганција никогаш не излегува од мода, како и бројните хитови на Каролина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Да се потсетиме колку добро звучи фантастичната нумера:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот