ФОТО | Карлеуша им порача на сите што јадат месо: Ќе зборуваат за нас како лудаци што јаделе нечија нога

Фото: Instagram

Пејачката Јелена Карлеуша често споделува моменти од приватниот живот со своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“. Таа објавува провокативни фотографии, модни комбинации кои изненадуваат многумина, но често и ги кажуваат своите ставови за борбата против убивањето животни.

Откако постојано ги критикуваше сите оние кои јадат месо, таа сега на својот инстаграм-профил ја коментираше иднината на нашите потомци.

„Еден ден нашите потомци ќе зборуваат за нас како дивјаци, психопати и нелуѓе кои убивале, јаделе и „носеле“ животни. Ние сме темната страна на историјата и човештвото. Нашите потомци ќе се срамат и ќе се одречат од нас затоа што она што сега го правиме како раса, засекогаш ја уништува планетата што останува за нашите деца. Ќе зборуваат за нас како лудаци што изеле нечија нога, џигер и срце и не виделе ништо чудно во тоа што јадеме мртовец“, започнала Карлеуша.

Фото: Instagram story

„Ако се сеќавате на моите зборови низ историјата на вековите што доаѓаат, ве молам напишете дека се освестив и се одвоив од овие зомби со кои ја делам планетата на крвопролевањето, страдањето и болката. Кога ќе ја најдете временската машина, дојдете земете ме и спасете ме. Оставете ги овие негативци овде во мрачниот век“, заклучи таа.

Да потсетиме, ова не е прв пат Карлеуша да го искажува својот став за прашањето за убивање животни, а беше и заштитно лице на ПЕТА. Таа позираше на нивните постери со слоганот „Попрво гола отколку во крзно“.

ФОТО+ВИДЕО | Јелена Карлеуша позираше како зајаче за Велигден, ама не само со цел да биде секси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот