ФОТО | Карлеуша ден по драмата со Душко во семејната куќа, се ослободува од спомените

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ден по семејната драма во домот на српската пејачка Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, екипата на српски „Курир“ повторно ја посетила луксузната белградска населба во која тие со години живеат.

Иако завчера, на најрадосниот христијански празник – Божиќ, во нивната куќа се одвивала вистинска драма, ден откако пејачката го пријавила сопругот за семејно насилство, вчера ситуацијата била сосема поинаква.

Семејно насилство наместо семејна прослава: Јелена Карлеуша го пријавила сопругот Душко Тошиќ на Божиќ

Имено, пред нивната куќа – тишина. Низ нивната улица поминувале само случајни минувачи. Сепак, во еден момент од куќата излегла куќната помошничка на Јелена, која го извела кучето – црниот померанец Бук во прошетка и за да го фрли ѓубрето.

Како што забележале камерите, таа од ќесата и кутијата извадила и фрлила големи количини неотпакувани новогодишни украси, кои биле наменети за украсување на внатрешноста на куќата, но и новогодишниот настап на Карлеуша пред Собранието.

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

Сопругот на Карлеуша: Не ја ни допрев. Наместо да бидам со децата дома, Божик го поминав во полициска станица

Инаку, Јелена и Душко се во брак 13 години и имаат две ќерки – Атина и Ника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот