ФОТО | Калиопи за Олгица Христовска: Луѓето секогаш влегуваат во твојот живот со некоја причина

Калиопи
Фото: Instagram

Една фотографија и две прекрасни дами со исклучително моќни гласови и незаборавни хитови кои засекогаш ќе останат дел од македонското музичко богатство. Нашата позната пејачка Калиопи Букле на својот инстаграм – профил сподели фотографија со една нејзина колешка чија музичката кариера заврши поодамна, но не и популарноста на нејзините хитови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Прегрнати, Калиопи и Олгица Христовска ги поздравија своите обожаватели, а Букле под својата објава напиша:

„Битола ноќе, со мојата Олгица. Луѓето секогаш влегуваат во твојот живот со некоја причина. Но само тие што влегуваат со вистинската причина и кои најискрено ти ги кажуваат работите што не сакаш да ги слушнеш, а ризикуваат да те загубат поради тоа, само тие остануваат во твојот живот засекогаш. Е тие луѓе ги нарекувам пријатели… се извинувам, нив ги викам семејство“, напиша Калиопи под фотографијата на која се прегрнати со Олгица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)


Двете пејачки се добри пријателки долги години иако Олгица ја напушти музичката сцена, а Калиопи продолжува и понатаму да создава одлична музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот