Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Какво тело! Поранешната девојка на Џастин Бибер се соблече гола за своите обожаватели

Познатата манекенка и диџејка Шантел Џефрис неодамна објави компилација од атрактивни фотографии кои ја „кренаа“ температурата на нејзините обожаватели.

 


Шантел е многу активна на социјалните мрежи, а покрај успешната кариера, таа ужива и голема популарност на Инстаграм, како инфлуенсерка и трендсетерка.

 


Таа редовно споделува содржини од приватниот живот споделувајќи детали со нејзините обожаватели.

Така беше и овој пат кога на Инстаграм, манекенката објави компилација од атрактивни фотографии.

Шантел, која обожава да го покажува своето „убиствено“ тело, 2025 година ја започна со егзотично патување во Јужна Африка и не ја пропушти можноста да се разголи за нејзините верни обожаватели.

Како што можете да се забележи, на една од фотографиите Шантел се појавува сосема гола, покажувајќи својата завидна фигура, но и задниот дел.

 


Покрај тоа, таа сподели и кадри од дивината, како и фотографии во бикини.

Инаку, Шантел е позната по тоа дека заведува богати, славни и влијателни мажи, а самата отворено признала дека мажите без статус воопшто не ја интересираат. Почнала да заведува богати мажи уште пред да стане полнолетна, па пред 2013 година успеала да биде со Џастин Комбс, синот на Шон Комбс (Пи Диди), раперот Лил Твист и американскиот фудбалер ДеШон Џексон. Своевремено му беше девојка и на пејачот Џастин Бибер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот