ФОТО | Каква сличност! Секси Кубанката совршено се трансформираше во Мерилин Монро

Ана де Армас и Мерилин Монро/Фото: Профимедиа

„Нетфликс“ го објави официјалниот трејлер за филмот „Русокоса“ (Blonde) на Ендрју Доминик , биографски филм во кој кубанската актерка Ана де Армас (34) ја отелотвори холивудската икона Мерилин Монро.

Ана де Армас како Мерилин Монро/Фото: Profimedia/Ferrari/ Netflix

„Руссокоса“ повторно го замислува животот на Мерилин Монро, од нејзиното нестабилно детство како Норма Џин до нејзиниот подем до ѕвездите и романтичните заплеткувања.

Главната актерка Ана де Армас е, инаку, природна бринета, а во трејлерот изгледа непрепознатливо, па многумина забележаа огромна сличност со холивудската икона.

Во споредната актерска екипа ја сочинуваат Боби Канавал, Адриен Броди, Џулијан Николсон, Ксавиер Семјуел и Еван Вилијамс.

Ана де Армас како Мерилин Монро/Фото: Profimedia/Ferrari/ Netflix

Филмот, базиран на бестселерот на Џојс Керол Оутс, ќе ја доживее светската премиера во конкуренција на Филмскиот фестивал во Венеција.

Ова е една од најочекуваните наслови коишто ќе се натпреваруваат на Филмскиот фестивал во Венеција. Шефот на Филмскиот фестивал во Кан, Тиери Фремо, претходно изјави дека се обидел да го вклучи во поставата за 2022 година, но не успеал да постигне компромис со „Нетфликс“.

„Нетфликс“ не се вратил во Кан од 2017 година поради правилото на фестивалот дека сите филмови кои се натпреваруваат мора да бидат прикажани во киносалите во Франција.

Инаку, Ана де Армас се вивна меѓу холивудските актери од А-листата во последните години. Таа играше во филмот за Џејмс Бонд „Нема време за умирање“, а во моментот е зафатена со промовирање на филмот „Сивиот човек“ (The Gray Man) во режија на Ентони Русо (во друштво на својот брат Џозеф), во кој рамо до рамо игра со Рајан Гослинг и Крис Еванс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A N A D E A R M A S (@ana_d_armas)


Ана беше во врска со актерот Бен Афлек, со кого се запозна на снимањето на еротскиот трилер „Deep Water“ во кој и двајцата глумат, па така се зближија.

ВИДЕО | И покрај критиките, го собори рекордот на гледаност: Ова е најскапиот филм на „Нетфликс“, а собра звучни имиња

ВИДЕО | Излезе трејлерот за филмот за животот на Мерилин Монро: Луѓето се воодушевени!

Бен Афлек ја потврди врската со прекрасната Бонд девојка! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот