ФОТО | Како живее Лео Меси: Семејството и фудбалот се на прво место, не гледа телевизија, не се срами да заплаче…

Семејството е на првото место за Лионел Меси/ фото: Инстаграм

Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата на најважната споредна работа на свето кој воедно претставува вистинска енигма за фановите.

За разлика од бројните спортски ѕвезди кои обожуваат да бидат под окото на јавноста, Меси е тотална спротивност, фудбалска ѕвезда која ја сака приватноста и мирниот живот.

Слободното време, Лео го поминува во игри со децата/ фото: Инстаграм

Целиот живот на Аргентинецот се врти околу две работи, семејството и фудбалот. Кога не е на тренинг, тогаш слободното време го поминува со сопругата Антонела и трите деца, а останатите работи не го интересираат.
Сите кои влегуваат во неговиот дом мора да ги соблечат обувките на прагот од куќата.
– Кога ќе дојдам дома, првата работа која задолжително ја правам е да ги соблечам обувките на самиот праг. Го правам тоа и кога одам на гости, едноставно тоа ми е навика – изјави Меси во минатото.

Иако во неговиот дом има огромен телевизор, Аргентинецот не е љубител на трошењето време со далечинското во рака.
– Во мојот дом не гледаме телевизија и не ги вртиме каналите. Можеби кога има некој натпревар. Во слободно време сака да гледам серии по стриминг сервисите. Обични ТВ канали не гледаме – открива Меси.

Ѕвездата на ПСЖ живее мирен живот далеку од очите на јавноста/ фото: Инстаграм

Гостите во домот на Меси нема потреба да се грижат дали ќе останат гладни како што знаело да се случи на гостите кај Кристијано Роналдо. За разлика од Португалецот, кај Меси покрај овошјето и зеленчукот има и месо.
-Меси не јаде тоа што е прскано или на некој начин контаминирано со пестициди и хербициди. Таквата храна е смрт за професионалните спортисти. Аргентинците и Уругвајците сакаат да јадат црвено месо. Мислам дека тие две нации јадат највеќе месо на светот, но на тоа треба да внимаваат – открива италијанскиот нутриционист Џулијано Посер кој во минатото соработувал со Меси.

Аргентинецот обожува да биде „мајстор за скара“/ фото: Инстаграм

Ѕвездата на ПСЖ исто така обожува да биде и „мајстор за скара“ и додека беше член на Барселона, редовно ги собираше соиграчите на заеднички неделен ручек.
За вечера често избира да јасе асадо што е традиционално аргентинско јадење направено на скара, или тестенини. Но, не запира на тоа, Меси повеќе пати има признато дека обожува и благи работи, но гледа да не претера со нив.
– Јадам сладолед, чоколадо, колачиња, всушност многу благи работи – признава Меси кој притоа открива дека живее нормален и мирен живот во кој фудбалот и семејството се приоритет.

– Живеам сосема нормален живот со семејството. Понекогаш сакам да не сум толку познат и да можам слободно да се шетам без да бидам повлекуван за ракав на секој чекор.  Како мал морав да го напуштам семејството и пријателите во Аргентина и заминав во Шпаниај каде морав да барам нови пријатели и да започнам нов живот. Се што правев беше поради фудбалот и да го исполнам својот сон. Затоа не изглегував со пријателите по забави. Ги одбивав бидејќи наредниот ден имав тренинг. Целосно му се посветив на фудбалот и поради тоа ниту денеска не излегувам бидејќи знам дека морам да жртвувам тоа доколку сакам да бидам најдобар.

И синовите Тијаго и Матео тренираат фудбал/ фото: Инстаграм

Аргентинецот не се срами ниту да пушти некоја солза. Плачеше на последната прес конференција во Барселона пред заминувањето во ПСЖ, но и кога дозна дека не може да го продолжи договорот со каталонскиот тим.

– Кога на сопругата и децата им реков дека сакам да си одам од Барселона, настана вистинска драма дома. Целото семејство почна да плаче, децата не сакаа да си одат од Барселона, ниту пак сакаа да го менуваат училиштетот. Но, одлуката беше донесена. И кажав на сопругата по што задно плачевме, но се договоривме на најдобар можен начин да ја им објасниме ситуацијата на децата. Синот Тијаго е како мене, знам дека го голи тоа што си заминавме, но не го покажува. Брзо ќе се навикне на Париз, тоа ќе биде ново искуство за него поради кое побрзо ќе израсне во маж – изјави неодамна Меси кој синовите Тијаго (9) и Матео (6) веќе ги запиша во фудбалската академија на ПСЖ и бурно го следи нивниот напредок.

Лео и Антонела се заедно од 2008 година/ фото: Инстаграм

– Немам многу слободно време, но секогаш кога можам настојувам да си играм со децата. Сакаме да останеме дома и да уживаме. Сакам сите заедно да појадуваме. И се воодушевувам на сопругата за тоа колку добро ги организира нашите животи.

Меси и Антонела Рокуцо се запознаа уште како деца во Розарио, а останаа во контакт и по заминувањето на Лео во Барселона. Врската ја започнаа во 2008 година и оттогаш се заедно и имаат три сина, Тијаго (9), Матео (6) и Чиро (3) .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот