ФОТО | Како од бајка: Овие италијански села ќе ви платат 28 000 евра да станете нивен жител

италија калабрија
ФОТО: Инстаграм

Дали некогаш сте сонувале да оставите сè и се преселите засекогаш на италијанскиот југ каде што е топло скоро цела година? Имате можност за тоа, дури и ќе добиете плата.

Регионот на Калабрија планирал да понуди до 28 000 евра во рок од најмногу три години на луѓето кои сакаат да се преселат во празни села со едвај 2 000 жители со надеж дека ќе го дејствува врз намалувањето на населението, пренесува „CNN“.

Сепак, ова не се пари за ништо. Со цел да се добијат средства, новите жители исто така мора да се посветат на започнување на мал бизнис или со преземање на специфични професии барани од градовите. Апликантите мора да бидат подготвени да се преселат во Калабрија во рок од 90 дена и да имаат помалку од 40 години.

Наречен „Активен приход за престој“, проектот имал за цел да ја зајакне привлечноста на Калабрија како место за „работа на југ“, објаснил Џанпјетро Копола, градоначалник на Алтомонте. Проектот и процесот на аплицирање се очекува да бидат лансирани на интернет во следните неколку недели. Регионот работел на тоа со месеци и веќе издвоил повеќе од 700 000 евра за проектот.

Чивита

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Best Italy Tour (@bestitalytour)

Дури и тие што зборуват италијански јазик може да се чувствуваат малку изгубени тука бидејќи локалните жители зборувале на словенски дијалект со чуден звук наречен Арбереше. Заедницата била основана во 1400-тите години од страна на Албанците кои бегале од турската империја.

Сместено на карпа во националниот парк Полино, некогаш населено со разбојници и одметници, ова мало селце од едвај 1.000 луѓе е дел од „автентичната“ Калабрија. Тука живееле старите традиции, византиските ритуали и необичната храна. Старите куќи биле поврзани со кружни тесни улички и имале оџаци со застрашувачки изглед, за кои се верува дека го бркаат злото.

Бова

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BESTCALABRIAPICS (@bestcalabriapics)

Според легендата, ерменска кралица го изградила ова село на рид каде паселе крави, па оттука и името, според „говеда“ на италијански (bue). Познат како „природен балкон“ во регионот по воодушевувачката глетка на крајбрежјето, тоа се наоѓа веднаш на врвот на италијанската чизма близу до Сицилија, во срцето на „грчка Калабрија“, која цветала со доселеници од античка Грција.

Во селото се продавало свежо козјо млеко секој ден и имало фестивали на етно музика, византиска велигденска забава со украси од овошје и живописен карневал.

Санта Северина

Ова село се издига на карпа со поглед на реката Нето. Изградено било во слоеви во зависност од богатството: тие кои припаѓале на побогатите семејства биле на врвот на ридот а скромните живеалишта биле подолу, ископани во карпата.

Санта Северина е позната по портокалите. Жителите на селото се нарекуваат “Аранчиару“, што значи „јадачи на портокали“ на локален дијалект. Портокалите одгледувани овде се гордост на Калабрија, заради плодната почва и исклучителните нутритивни квалитети.

Ова се само неколку од опциите, следете ги локациите и проектот тука. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот