ФОТО | Како од бајка: Битолското рајче на г-ѓа Павлина

Фото: Приватна архива

Денес разговараме со Павлина Костадиновска, прекрасна личност, и многу активна во своите пензионерски денови. 

Битолчанката Павлина е пензионерка, активна претседателка на урбана заедница, а и политички е активна. Има 65 години, од нејзиното лице блеска животна, младешка радост. Полна со енергија, позитивна и секогаш насмеана, убавата душа на Павлина се отсликува во убавината на нејзиното, како што вели, мало и скромно дворче.

Имено, дворчето на Павлина се протега покрај патека долга 10 метри, а широка 4 метри. И секоја педа е умно искористена во полза на убавината, па и оградата.

Оваа госпоѓа е вистинска инспирација како може и од мал простор да се направи вистинско мало рајче на Земјата.

ВНИМАНИЕТО НИ ГО ПРИВЛЕКОА И УСКРАСНИТЕ ПРЕДМЕТИ КОИ ВО АМБИЕНТОТ ИЗГЛЕДААТ КАКО ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕНИ ОД СТРАНИЧКИ ОД БАЈКА.

-Од цвеќиња имам неколку рози, копривки, сардели, дрва на животот, папрат, бомбони, хризантеми, на прозорецот пак, орхидеи, темјанушки, хибискус, кала. Тоа е речиси сè, а имам и неколку украсни џуџиња, воденичка, слонче, печурка, фенерче и маса со црвено-бели столици, ни раскажува драгата соговорничка.

Ова земско рајче во Битола, Павлина сама си го уредува, бидејќи сопругот на Павлина си има свои активности, а и трите ќерки си имаат свои обврски.

Големо браво за Павлина!

Во продолжение, уживајте во глетката на дворчето на Павлина.

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Инаку, Павлина е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот