ФОТО: Како ќе изгледаат децата на Миранда и Шарлот во новото продолжение на „Сексот и градот“

сексот и градот п
Фото: Профимедиа

Снимањето на продолжението на познатата серија „Сексот и градот“ е во тек, а фотографии од сетот се објавуваат секојдневно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carrie Bradshaw (@sexandthepandemic)

На најновите фотографии, покрај добро познатите ликови, како што се Синтија Никсон, популарната Миранда и нејзиниот партнер Стив, кој го игра актерот Дејвид Егенберг, можеме да видиме и колку пораснал нивниот син во серијата.

Имено, малиот Брејди, кој ги воодушеви гледачите со својата симпатична портокалова коса, во продолжението на серијата веќе е млад човек. Иако како возрасен не го игра истиот актер што го видовме во „Сексот и градот“, интересно е да се види колку време сепак поминало од последното продолжение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by l0ulah (@l0ulah)

Синтија, Дејвид и нивниот телевизиски син беа фотографирани во друштво на актерката Кристин Дејвис, која го игра ликот на Шарлот и нејзиниот сопруг од серијата, чии деца исто така ќе ги видиме во ново издание. Да потсетиме, во серијата тие се родители на близнаците Лили и Роуз.

Обожавателите на култната серија „Сексот и градот“ беа воодушевени откако беше објавено дека ќе се снима ново продолжение.

Откриени детали за новото продолежние на „Сексот и градот“: Дел од сценариото протече во јавноста

Неодамна протече дел од сценариото, а многумина се разочарани од тоа што наводно ќе се случи со ликовите.

„Сексот и градот“ без Саманта: Еве како ќе биде објаснето отсуството на омилената актерка од славната четворка!

Тие се враќаат: Во продолжението на „Сексот и градот“ ќе ги видиме тројцата главни машки ликови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот