ФОТО: Како изгледа денот на македонските репрезентативци кога имаат натпревар во квалификациите

Фудбалерите на 11 октомври ја пречекуваат селекцијата на Германија/ фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија во септемврискиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2022 година, одигра три натпревари и на сите три ремизира.

Фудбалерите на селекторското деби на Благоја Милевски на втори септември одиграа без голови против Ерменија во Скопје, а три дена поцоцна ја испушти победата во Рејкјавик играјќи 2:2 со Исланд, по што квалификациите ги завршија во Скопје и тоа против Романија. Фудбалерите повторно одиграа без голови, овој пат против Романија.

За тоа време фудбалерите се наоѓаат во карантин, не само поради пандемијата на коронавирусот туку и за да останат фокусирани на натпреварите.

„Слободен печат“ се обрати до Фудбалската федерација на Македонија и дозна како репрезентативците го поминуваат денот кога имаат натпревар, односно како им помина денот кога играа против Романија.

Се тренира и на денот на натпревар/ фото: ФФМ

За септемвриските квалификации, база на репрезентацијата беше хотелот Александар Палас.
Доручекот беше до девет часот, од 11 часот на вештачкиот терен кој не наоѓа до хотелот репрезентативците одржаа активациски тренинг кон не трае повеќе од 40-тина минути.
Потоа репрезентативците имаат нов двочасовен одмор, по што следува ручекот и повторно фудбалерите имаат одмор од два часа.

Слободното време е предвидено за кафе муабет/ фото: ФФМ

Потоа од 17 часот беше одржан главниот состанок на селекторот Благоја Милевски во репрезентативците на кој се крои тактиката за натпреварот.
Вообичаено, два часа пред почеток на натпреварот, фудбалерите одат кон Националната Арена „Тодор Проески“.
По секој натпревар кој се игра во Скопје, следува задолжителна рекуперација на репрезентативците со крио терапија.

база на репрезентативците беше хотелот Александар Палас/фото: ФФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот