ФОТО | Како Димитар Апасиев од Левица им го честита 8ми март на современите жени?

Ваквата објава на Апасиев е коментар на фејсбук-статус од неговиот сопартиец Реџеп Исмаил: 

„Накие Бајрам (сопруга на Ферид Бајрам) заедно со Роса Плавева (сопруга на Илија Плавев), во првите години од 20 век го организирале бунтот на османлиските жени од Скопје против зарот и фереџето. Бунт кој почнува со тајниот состанок на педесетина жени на османлиски офицери што се одржал во јули 1908 година во домот на скопската шивачка Плавева.
Средбата тогаш е опишана како „конспиративен состанок“, на кој педесетина турски жени од Скопје, решиле јавно да се побунат против зарот и фереџето и покрај ризиците што ги носела таквата храбра одлука во тогашното конзервативно општество.
Имено, овие жени решаваат да се организираат и да се подготват за јавен протест на кој јавно и демонстартивно ќе се одбулат, веејќи знамиња со пораки: „доста ни е од црнила на очите“ или – „и ние сакаме живот како другите жени“.
На протестот исто така имало и црвени знамиња на кои пишувало „Турчинките бараат слобода“, стои во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот