ФОТО | Кајли Џенер го покажа трудничкиот стомак: Ријалити ѕвездата нападната од фановите за изборот на облека

кајли џенер тревис скот
Фото: Принтскрин/Youtube

Американската ријалити ѕвезда и претприемачка Кајли Џенер, неодамна и откри на јавноста дека го очекува второ дете со својот избраник Тревис, а набрзо по објавата Џенер го покажа трудничкото стомаче во специфична облека.

Младата мајка по повод роденден на блиски пријатели избра необичен, проѕирен комбинезон од тантела, од познат американски дизајнер, во кој нејзиниот труднички стомак дојде до израз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)


Модните познавачи веднаш се сетија како нејзината сестра Ким носеше сличен аутифит во 2015 година додека беше бремена, а очигледно Кајли тоа го изведе многу подобро.

„Секси мама“, „Изгледаш божествено“, „Секогаш си оригинална“, „Преубава“, се само дел од позитивните коментари на фановите, но следеа и негативни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)


„Зошто една бремена жена оди скоро гола?“, „Не и е соодветно да се облекува вака“, „Жена во поодомината бременост, а во ваков стајлинг“, беа само дел од бројните негативни коментари под објавата на младата претприемачка.

 

ВИДЕО+ФОТО | Кајли Џенер е бремена: Ријалити ѕвездата ја потврди среќната вест

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот