ФОТО: Јокиќ и официјално го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ/фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Кошаркарот на денвер нагетс, Никола Јокиќ денеска и официјално го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА.

Јокиќ кој е двоен освојувач на МВП признанието за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, денеска стави параф на договорот што ќе му донесе 264 милиони долари во наредните пет сезони.


Според договорот, Јокиќ доколку петтата сезона ја одработи во Денвер ќе добие неверојатни 60 милони долари.

Јокиќ минатата сезона беше избран за МВП на регуларниот дел од сезоната и на 74 натпревари постигнуваше просечно по 27,1 поен, 13,8 скокови и 7,9 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот