ФОТО | Јелена Розга елегантно ги прошета чизмите од 1000 евра: На мажите им се лоши од нив

Instagram
Фото: Инстаграм

Јелена Розга важи за една од најубавите пејачки во регионот, а позната е по елегантниот стил на облекување кој многу девојки го копираат.

Со најновиот моден избор таа покажа дека едноставната комбинација на гардеробата може да изгледа ефектно и моќно со еден силен детал, а тоа е чизми кои веднаш „паѓаат во очи“. Убавата пејачка објави фотографија од улица во Сплит на која позира во тесни фармерки, бела блуза и сако со оверсајзд крој, а речиси „обичниот“ стајлинг го освежи со лакирани чизми од кроко кожа кои се речиси до колена. Овој пар чизми се од луксузниот бренд Тотем, а чинат околу 1000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Минијатурната штикла која ги краси овие чизми се едни од најнеомилените кај мажите – според фановите овие чизми се „теткасти“. Сепак, жените се главни во изборот тука затоа што се работи за удобност и комбинација која оди со секакви парчиња гардероба.

Коментарите пак, се различни. Некои од следбениците ја поздравија нејзината комбинација, додека пак други сметаат дека е дискутабилна.

„Убава си, но тие чизми се ужас“. „Врати ги тие чизми во продавница“, „Навистина само чизмите го расипуваат целосниот изглед“, но и „Прекрасна си, за тебе би се преселил во Сплит“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот