ФОТО | Јелена Карлеуша со емотивна порака за Душко: „На здравје! За човекот кој никогаш не изневерил“:

Instagram
Instagram

Јелена Карлеуша објави фотографија со нејзиниот сопруг Душко Тошиќ на својот инстаграм – профил, по подолг временски период во кој ниту еден од нив не објави заедничка фотографија на своите профили.

Фотографијата е направена за време на вечера во Истанбул, а Јелена јавно напиша долга емотивна порака, посветена на Душко.

Instagram
Instagram

На здравје! На здравје за овој добар, искрен, недопрен човек покрај мене, татко на две ќерки кои неизмерно ги сака, одличен спортист. На здравје за човекot кој никогаш не изневерувал, понижувал или некого засрамил. НИКОЈ. НИКОГАШ. Човек без ниту една дамка, кој за жал трпи најстрашни напади, започна Јелена.

Заради мене. Поточно заради нивната болна омраза кон мене. Треба да напишам: Никој не може да те извалка, Душко, нема толку ѓубриња со лоши намери и лаги што можат да го осквернат добриот човек и неговото семејство, додаде таа.

Истата ова фотографија со посвета која беше постирана на официјалниот инстаграм – профил на Јелена Карлеуша од скоро ја нема. Која е причината и зошто е избришана сѐ уште немаме информација.

Да потсетиме, Денот на вљубените Душко и Јелена го помина заедно во Истанбул, а вчера, понеделник, 15 февруари, беа на заедничка вечера со нивни пријатели и со познатиот локален хирург, познат како д-р Б.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот