ФОТО | Јелена Карлеуша потврди дека официјално се разведува од Душко Тошиќ: Пејачката за првпат во јавност по скандалот

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Јелена Карлеуша денеска го имаше првото појавување во јавноста откако нејзиниот сопруг Душко Тошиќ физички ги нападна неа и нејзиниот пријател во семејната вила на Дедиње.

Српската пејачка се појави на белградскиот плоштад Република, каде вечерва ќе биде претседател на жирито кое ќе ја избере Мис Србија за 2024 година, пишуваат српските медиуми.

„За мене е голема чест, претседателот на жирито има сериозна задача. Србија е позната по убавите жени. Не се сметам себеси за убава, но се сметам за забавна жена, воопшто не досадна. Кога ќе помислам на убава жена, првата личност што ми паѓа на памет е Снежана Савиќ. Оваа планета би била совршена кога жените би владееле со неа, а мажите би послужиле за проширување на видот“, изјавила Карлеуша.

Јелена меѓу другото ја коментираше и врската со сопругот Душко Тошиќ. Медиумите веќе подолго време пишуваа дека тие се разведуваат, а Карлеуша сега потврди.

„Во моментов сме во фаза на спогодбен развод“, изјавила Јелена Карлеуша.

Фотографиите од Јелена Карлеуша на настанот може да ги погледнете ТУКА.

ФОТО | Јелена Карлеуша спаси и вдоми уште едно куче: Тажната судбина на новиот член Омега

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот