ФОТО | Јелена Карлеуша „грмеше“ на сцена: Го преземам Дубаи!

Јелена Карлеуша/Инстаграм
Јелена Карлеуша/Инстаграм

Српската кралица на фолк сцената, Јелена Карлеуша, вчера имаше настап во Дубаи и го „разгоре“ и онака жешкиот воздух таму. Во манир на бразилска карневалска дама, Јелена беше спектакл на сцената и не се двоумеше да сподели фотографии од настанот.

Пејачката отиде во Дубаи со семејството по повод роденденденот на сопругот Душко Тошиќ, со кого периодов имаат „громотевици“ во бракот, но тоа очигледно не ја колеба Јелена да прави што сака.

На својот инстаграм профил сподели видео од пробата пред настапот, каде во долг, лелеав црнобел фустан пее на јахта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

А потоа ги почасти своите следбеници и фанови со блескави фотки од настанот каде напиша

„Го преземам Дубаи“

Во нејзин стил, со пердуви на главата, интензивен розов костум и сексипил на сите страни, пејачката остави впечаток како и секогаш. Со електрично сребрени штикли и туфни на ракавите, Јелена ги „измести“ од место присутните во публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот