ФОТО | Јелена Карлеуша гневна на јавноста, медиумите и истражните органи по реакциите за „Телеграм“: Поддршка доби и од Тамара Тодевска

Instagram
Instagram

На својот инстаграм – профил, поп – ѕвездата Јелена Карлеуша, напиша статус посветен на новата социјалната група на „Телеграм“ наречена „балканска соба“.

По објавувањето на српските медиумите и поддршката од јавноста за постоење на балканска мрежа налик на „Јавна соба“ во која партиципираат околу 36.000 мажи од Балканот и кои споделуваат експлицитни фотографии, снимки, но и адреси од жени од регионот, се огласи јавно и Карлеуша со свој коментар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

„Гледам медиумите групно ги осудуваат оние кои на друштвената мрежа „Телеграм“ споделуваат фотографии од девојки и жени без нивно знаење и дозвола, со цел омаловажување и освета на истите. Се огласи дури и министерот за внатрешни работи, Вулин, кој најавува апсење на креаторите на групата. Драги медиуми, вие единствено треба… “ – е само почетокот на јавното обраќањето на Карлеуша која револтирано продолжува да ја напаѓа јавноста, медиумите и органите за безбедност, затоа што досега никој неа не ја заштитил првенствено како жена, а потоа како јавна личност од која постојано се објавуваат голи фотографии и невистини за кои медиумите немаат дозвола.

Откриена „балканска соба“ на Телеграм- над 36.000 мажи од регионот споделувале експлицитни фотографии од жени

Исто така Јелена напомена дека била и уценувана и заплашувана со фотографии со експлицитна содржина, но кога таа не потклекнала на заканите и кога фотографиите „испливале“ во јавноста, сите корисници на социјалните мрежи и медиумите ги споделувале без да размислат дека ги прекршуваат човековите права. Таа вели дека со месеци била на удар на медиумите и јавноста веројатно алудирајќи на скандалот со фудбалерот Огнен Врањеш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)


„Тогаш не ви дојде до заштита на жените, тогаш не се огласи министерот за внатрешни работи“ – продолжува Јелена во своето обраќање до јавноста, истражните органи и широката јавност.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Објавата на Јелена ја споделија бројни јавни личности кои се засегнати со истиот проблем и кои се чувствуваат незаштитено, а сето тоа лошо влијае и на нивните семејства кои страдаат заедно со нив.

Една од македонските ѕвезди која јавно ја подржа Карлеуша е нашата пејачка Тамара Тодевска споделувајќи го нејзиното обраќање на социјалните мрежи преку нејзиниот личен инстаграм – профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот