ФОТО | Јелена Јованова повторно стана мајка: Актерката ја чуваше и втората бременост во тајност
Македонската актерка Јелена Јованова и нејзиниот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ, повторно станаа родители.
Познатата двојка го доби синот Јаков во јуни 2020 година, а сега нивното семејство се прошири со уште едно синче.
Интересно е дека Јованова ги чуваше и двете бремености во тајност, па за многумина оваа среќна вест е вистинско изненадување.
Актерката, која на македонската јавност ѝ е најпозната по улогата на Јелена во ситкомот „Преспав“, ја потврди веста на социјалните мрежи, споделувајќи честитка од нејзината пријателка на социјалните мрежи.
„Убаво момче, добредојде!“, гласи честитката.
Да потсетиме, Јелена Јованова и Стјепан Периќ се запознаа за време на снимањето на серијата „Тајни“ (2013), која доживеа голем успех во Хрватска, но и во целиот регион.
Јованова и Периќ стапија во брак во ноември 2015 година, а свадбената прослава ја направија во Загреб.
Во интервју за „Слободен печат“, актерката проговори за тоа како таа и нејзиниот сопруг прават баланс меѓу кариерата и родителството.
„Познавајќи ја природата на нашата работа, што бара таа, работното време што не е стандардно – сигурно ќе донесеше поголем предизвик да не го делев животот со човек што е од истата бранша. Не само од аспект на родителство. Нам сѐ уште ни успева да се следиме еден со друг каде и да нѐ носи работата. Свесно го правиме тој избор. Не ми се допаѓа кога ќе слушнам како мајката го фали таткото дека ѝ помагал со децата. Нема што да помага. Погрешна е перцепцијата. Едноставно детето е и негово и обврските се еднакви. Се трудиме да бидеме рамноправни членови во секој сегмент, секој да го испочитува сопственото слободно време, но да си го дозволиме и заедничкото“, изјави таа.
Интервју со Јелена Јованова: Бракот треба да е круна на љубовта, а не заљубеност во идејата за брак