ФОТО | Јавноста збесна поради последната објава на сопругата на Болдвин, таа ги брише негативните коментари

алек болдвин
Алек и Хиларија Болдвин/Фото: Профимедиа

Иако поминаа само десетина дена од несреќата во која нејзиниот сопруг, актерот Алек Болдвин, случајно ја застрела и ја уби снимателката Халина Хачинс на филмскиот сет, и го повреди режисерот Џоел Соуза, Хиларија Болдвин се однесува како ништо од тоа да не се случило.

Хиларија викендот го поминала во маскирање на нивното големо семејство за празникот „Ноќта на вештерките“.
Заедно со нивните шест деца, Алек и Хиларија Болдвин се маскирале во костими за „Ноќта на вештерките“, а потоа се собрале на тремот од нивната куќа и насмеани позирале за фотографии, кои потоа сопругата на холивудскиот актер ги објавила на својот инстаграм-профил. И можеби немаше да доживее никаква јавна реакција доколку сето тоа не се случеше само 10 дена откако Алек Болдвин ненамерно ја застрела и ја уби снимателката Халина Хачинс на сетот на филмот „Рѓа“ и го рани режисерот Џоел Соуза.

Истрагата сè уште трае, а Болдвин на почетокот не можеше да ја сокрие тагата поради случајниот настан што ќе го следи до крајот на неговиот живот, а обожавателите му забележуваат што веќе се однесува како ништо да не се случило, додека насмеан позирал со децата.

„Таа ми беше како семејство. Несреќи се случуваат одвреме-навреме на снимањата, но ниту една не е како оваа. Тоа се случува еднаш во милијарда случаи. Таа ми беше пријателка. На денот кога дојдов да го снимам филмот во Санта Фе, ја однесов на ручек со другите продуценти. Бевме многу добра екипа и потоа се случува сето ова“, изјавил Болдвин, кој пристигнал пред новинарите во Вермонт во друштво на својата сопруга Хиларија, која, пак, дополнително ги разбеснила сите со своето однесување.

Имено, цело време додека Болдвин разговарал со фотографите и новинарите, таа постојано ги снимала со својот мобилен телефон, но и го прекинувала својот сопруг, што беше протолкувано како уште едно во низата нејзини привлекувања внимание. А, токму тоа го направила и со серија фотографии на кои нивните шест деца се маскирани, каде буквално ги избришала сите оние кои не пишувале пофални зборови за нејзиното семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот