ФОТО | Изненадно почина 23 годишна Тиктокерка од Хрватска: Фановите се збогуваа со неа

Дијана Де Марко/Принтскрин/ТикТок
Дијана Де Марко/Принтскрин/ТикТок

Во Загреб, на 23 годишна возраст, неочекувано почина млада популарна тиктокерка од Пожега, Дијана Де Марко, пренесува „Јутарњи.хр“

Дијана на социјалната мрежа „ТикТок“ ја следеа повеќе од 120 илјади следбеници и секојдневно ги развеселуваше со своите објави од различен тип – за пеење, шминкање, однесување пред огледало…

@dijanadd #humor #balkan #smijeh #zabava ♬ original sound – Dijana De Marco

Шармантната девојка одела во Католичката гимназија во Пожега, а потоа се преселила во Загреб. Извесно време била во врска со Паоло Фанизи, познат како Фазо кој исто така е успешен тиктокер со повеќе од 200 илјади следбеници, и тој се збогува со неа преку видео на „ТикТок“ видео во кое изјави:

„Сѐ што можам да кажам е дека животот е непредвидлив. Во животот се случуваат убави и грди нешта. Но едноставно, би сакал да ѝ се заблагодарам на Дијана што ја познавав и што беше дел од мојот живот. Имам потреба да ви кажам дека неа веќе ја нема, и дека ќе бидам добро. Жалосно е што младите луѓе прерано го напуштаат овој свет. Сите имаме свое време, и сакам да ѝ се заблагодарам на Дијана за времето и миговите, спомените што ги поминав со неа. Почивај во мир“

Причината за смртта не е позната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот