Изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани / фото: Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

ФОТО: Изгорената „дискотека“ во Кочани

Целосно е изгорен објектот во кој работеше дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде синоќа изби катастрофален пожар и загинаа над 50 луѓе, а повеќе од 120 се повредени.

Изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Полицијата претпладнево го обезбедуваше пеплосаниот објект.

Изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Местото е затворено во поголем дијаметар со полициски ленти и не се дозволува пристап до објектот, кој се наоѓа на влезот на Кочани кај индустриската зона во градот.

Полицијата ја обезбедува изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани по трагичниот пожар / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Лице што ги вадело телата од дискотеката за „Слободен печат“ кажува дека целиот паркинг пред дискотеката бил полн со тела кои цела вечер се извлекувале. Најголем дел од жртвите биле изгорени, а според нивните информации, бројката ќе се зголемува затоа што имало многу тешко повредени.

Полицијата ја обезбедува изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани по трагичниот пожар / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Пред местото поминаа и воени санитетски возила. Тим од обвинители е на местото на несреќата, меѓу нив и републичкиот обвинител Љупчо Коцевски. Околу дискотеката нема куќи во кои се живее, туку само еден хотел, кој е затворен и од кој Обвинителството ги бара снимките од надзорните камери.

Изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Според првичните информации, пожарот избил откако на концертот на групата „ДНК“ била користена пиротехника. Во супстандардната дискотека, сместена во објект кој порано служел како магацин на продавница за теписи, имало многу повеќе луѓе од капацитетот на објектот. Од запалените факели, според неофицијални информации, пламнал покривот на „дискотеката“, кој за само неколку минути се урнал.

ВИДЕО | Чад, паника – бројни загинати и повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот