ФОТО: Изгоре познатата скопска кафеана „Камин кама“ на музичарот Трајче Мајка

До темел изгоре кафеаната Камин Кама/Фото: Фејсбук

Доцна вечерта избувнал пожар во ресторанот Камин Кама во населбата Ѓорче Петров, уште попознат како центарот за забава на македонската фолк естрада.
И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со многу голема брзина и го зафатиле целиот објект, објавија на Фејсбук страницата жители на Ѓорче Петров.нивната Фејсбук страница.

Од таму посочуваат да не се шпекулира за причината на пожарот ниту за висината на финансиската штета се додека не се направи проценка.

-Според првичните проценки штетата е огромна, што е евидентно и на самото место каде објект речиси и нема. Сопственикот на ресторанот, познатиот естраден уметник, Трајче Толевски, познат како Трајче Мајка во шок и неверување од немилиот настан, изјави дека најважно од се е што немало жртви, ниту пак повредени. Тој вели дека пожарот се ширел со неверојатна брзина, а му било јавено од страна на соседите кои пак пријавиле во пожарната служба за што е особено благодарен, пишува на Фејсбук.

До темел изгоре кафеаната Камин Кама/Фото: Фејсбук

-Немилиот настан не успеа да го уништи позитивниот дух на Трајче и нашиот разговор го заврши си пораката: лошото да остане овде, Камин Кама ќе ја обновиме, а најважно е сите ние да сме живи и здрави, нагласуваат пријателите и соседите на познатиот музичар и водител на музичкото шоу на ТВ Сител.

Оваа позната скопска кафеана со години е собирлиште на македонската естрада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот