ФОТО | Избувна пожар во галијата кај „Холидеј ин“

Противпожарно возило / илустрација Фото: МИА

Пожар избувна вечерва во првата галија што се наоѓа кај хотелот „Холидеј ин“. По дојавата дека гори, набрзо интервенира противпожарна екипа, при што пожарот е локализиран и изгаснат.

Командантот на противпожарната единица во Скопје, Владимир Симоновски за МИА информира дека пожарот е изгаснат, и во моментов се чека на ЕВН да ја прекине електрична енергија.

На терен интервенираа две противпожарни возила и десет пожарникари.

Фото: МИА

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот