ФОТО | Италијанецот Дамиано Давид позираше во градник и мрежести чорапи

дамиано давид
Фото: Принтскрин / Instagram

Контроверзниот италијански пејач Дамиано Давид, кој ги полуде своите обожаватели ширум светот по победата на Евровизија со групата „Måneskin“ постојано ги поместува границите на нивните очекувања.

Имено, сега повторно ги „фрли“ своите обожаватели во транс откако сподели фотографија на која позира во долна облека, градник, мрежести чорапи и потпетици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

Фотографијата е објавена на официјалниот инстаграм-профил на групата, а Дамиано позира во друштво на басистичката Викторија Де Анџелис. За кратко време собра повеќе од 1,700,000 „лајкови“ и низа коментари.

Не можам да дишам“, гласеше еден коментар. „Дамиано изгледа подобро од мене“, „Вреснав“, беа другите коментари.

Имено, со оваа фотографија бендот објави дека наскоро ќе биде објавен и видео спотот за песната „I Wanna Be Your Slave“.

ФОТО | Дамиано Давид облечен како Бритни Спирс: Фронтменот на „Måneskin“ во мини здолниште на настапот во Париз

ФОТО | Дамиано сака да ги бакнува момците од бендот, а неговата девојка ја привлекуваат и жени: Џорџа Солери искрено за својата сексуалност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот