ФОТО | Исчезна овчар од Градешница, потрагата по него сѐ уште трае

Фото: Дирекција за заштита и спасување

На ден 23.1.2022 година, во 15.40 часот, од ЦУК Битола е добиена информација дека во с. Градешница е исчезнато лице со иницијали Т.Д. (77 години), кој од трлото со овци се упатил кон домот во селото Градешница, при што му се губи трагата. Во текот на денот семејството и соселаните го пребарувале теренот и по безуспешната потрага пријавено е во полициска станица во Општина Новаци и потоа во ЦУК Битола, известуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Како што велат оттаму, веднаш по добивањето на дојавата е мобилизиран тим за брз одговор за спасување на планини кој се упатил кон с. Градешница, каде по пристигнувањето започнал со пребарување на теренот.

– Пребарувањето и покрај ноќното време траеше до утринските часови, поради влошување на времето и снежната виулица потрагата е прекината и тимот се повлече. Лицето не беше пронајдено, а потрагата продолжува, стои во соопштението на ДЗС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот