ФОТО | Ирски паб со решение за подобра атмосфера: Кој ќе го каже зборот „коронавирус“, плаќа 2 евра на шанк!

Ирски паб/Профимедиа
PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia

Пабот „Алт бар“ во Ирска одлучи на невообичаен начин да направи добро дело. Имено, на секој гостин кој ќе го спомене зборот „коронавирус“ или „пандемија“ ќе треба да остави две евра во тегла оставена на шанкот на барот.

Кристофер Мур, менаџер на локалот изјавил дека досега на тој начин биле собрани 280 евра, како и дека сите приходи ќе бидат донирани во локалната болница Донегл.

„Додека ги послужуваме гостите и стоиме покрај нивната маса, ги слушаме нивните разговори и знаеме за што разговараат. Најчеста тема секако е коронавирусот. Сакавме да ја промениме атмосферата, и да ги поттикнеме луѓето да зборуваат за други, вообичаени работи – вели Мур.

Во барот била започната и „GoFundMe“ кампања.

„Сè започна како забава, а се претвори во одличен начин за собирање средства за болни лица. Собираме пари за да ѝ помогнеме на локалната болница и секоја донација ќе помогне“, напишале вработените во барот „Alt“.

Мур раскажал дека гостите сега се обидуваат да ги „излажат“ пријателите, така што сето тоа станало како еден вид игра и забава.

„Сите сега зборуваат за други работи, иако пандемијата им е во мислите. Забележавме дека луѓето повторно зборуваат за времето. Не е лошо да одвоите еден час или два од своето време и да не зборувате само за пандемијата“, додал тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот