ФОТО | Ирина Шајк се врати на своите почетоци: Еве како изгледала пред 15 години

Instagram

Еден од најпознатите модели на денешницата, Ирина Шајк последните години е присутна речиси на сите модни писти во светските модни метрополи.

Покрај тоа што сме навикнати да ја гледаме во нејзините бројни професионални ангажмани, Шајк на социјалните мрежи понекогаш знае да ги воодушеви своите обожаватели со по некоја фотографија од приватниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Овојпат, Ирина на својот инстаграм-профил сподели фотографија од своите почетоци во модниот свет. Нејзините почетоци се врзуваат со 2006 година, а веќе во 2007 година Шајк го доби првиот голем моден ангажман со брендот „Интимисими“. Неколку години подоцна стана еден од најбараните модели на денешницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Нејзиниот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ го следат повеќе од 14 милиони обожаватели.

Ирина реши да се осврне на своите почетоци во модната индустрија, објавувајќи фотографија на која позира во долна облека направена токму во 2006 година.

А многумина забележаа дека иако поминале 15 години, фотографијата изгледа како да е направена пред неколку дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Оттогаш, нејзината кариера тргнува по нагорна линија и до ден денес красни бројни насловни страници на престижни модни списанија, настапува на ревии на водечки дизајнерски брендови…

Кога не е на модните писти низ светот, 34-годишната Шајк претпочита слободното време да го поминува со нејзината четиригодишна ќерка Лиа која ја дели со холивудскиот актер Бредли Купер.

Бредли и Ирина ја започнаа својата љубовна врска во 2015 година, но четири години подоцна решија да се разделат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот