(ФОТО) Инклузивната детска претстава „Ништо не е страшно“ ги стопли срцата и испрати моќна порака

Инклузивната детска претстава „Ништо не е страшно“
Инклузивната детска претстава „Ништо не е страшно“ се одигра во Центарот за култура во општината Ѓорче Петров

Деца со типичен и атипичен развој од училиштата во Ѓорче Петров завчера вечер ја изведоа премиерата на театарската претстава „Ништо не е страшно“, во режија на Златко Митрески и Македонка Илиевска од Театар Пи. Публиката во преполната сала на Центарот за култура во општината Ѓорче Петров воодушевено ја прифати актерската игра на основците од „Јоаким Крчоски“ и „Страшо Пинџур“, како и на корисниците на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“.

Инклузивната детска претстава „Ништо не е страшно“ се одигра во Центарот за култура во општината Ѓорче Петров

Оваа детска претстава е резултат на работилници за музика, фотографија и театар што се одвиваа цела година под водство на Митрески и Илиевска во рамките на проектот „Мене ништо не ми пречи“. Претставата е создадена по текстови на Алан Бол, Олга Токарчук, Милан Кундера, Михаил Булгаков, Фјодор Михајлович Достоевски, Вилијам Шекспир, Давид Албахари, Сања Михајловиќ- Костадиновска и Златко Митрески.

Инклузивната детска претстава „Ништо не е страшно“ се одигра во Центарот за култура во општината Ѓорче Петров

– Си имаше еднаш една напуштена железничка станица со само еден стар расипан воз… Оваа претстава низ една забавна игра, со елементи на мистика, трилер, на моменти во хорор жанр како и црн хумор се занимава со цикличноста на животот и смртта. Еднаквоста на типичното и нетипичното кое што се раѓа и умира на ист начин, но сепак додека е живо се третира како непознато, различно, маргинализирано. Претставата е создадена во процес и анализа врз темата за смртта со ученици за кои беше една табу тема, од една страна, но од друга страна доста поучна и забавна – велат авторите на претставата.

Инклузивната детска претстава „Ништо не е страшно“ се одигра во Центарот за култура во општината Ѓорче Петров

Проектот го поддржаа Град Скопје, Општина Ѓорче Петров, Министерство за култура, Европска Унија – Europe House и амбасадите на Чешка и на Полска.

Во претставата настапуваат Никола Огненовски, Виолета Дојчиновска, Лара Бошковиќ, Дино Рамо, Трајанка Петреска, Ана Беќарска, Жаклина Велковска, Христина Димовска, Марија Тасевска, Илина Ристовска, Катарина Ристовска, Стефан Бјелиќ, Сандра Миовска, Ема Петреска, Јасен Угриновски, Стефанија Добреска, Матеа Пејчиновска, Јана Ламбевска и Матеа Геровска.

Инклузивната детска претстава „Ништо не е страшно“ се одигра во Центарот за култура во општината Ѓорче Петров

Се очекува претставата повторно да биде изведена во Центарот за култура во Ѓорче Петров.

Како што рече режисерот Митрески по премиерата, досега во претставите на Театар Пи глумеа само лица со попречености, а оваа е прва претстава што во која заедно играат деца со типичен и атипичен развој, што всушност е и поентата на инклузијата воопшто – да бидеме и да создаваме сите заедно.

Инклузивната детска претстава „Ништо не е страшно“ се одигра во Центарот за култура во општината Ѓорче Петров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот