ФОТО | „Имам пари повеќе од кога било“: Актерката од „Чувари на плажата“ заработува на сајтови за возрасни
Американската актерка и модел Бренд Родерик, позната по улогата на Ли Даер во „Чувари на плажата“, неодамна се прослави и на сајтовите за возрасни. Сега таа откри дека има „повеќе од кога било“ пари поради „Онлифенс“ и дека така заработува за своето семејство.
„Бидејќи сум самохрана мајка на две момчиња без финансиска поддршка од нивниот татко, морам да се грижам за моето семејство. Мојата страст и љубов се глумата и продукцијата. За да го направам тоа, имам споредна работа на ‘Онлифенс’, тоа ми помага со другата моја страст кон глумата и продукцијата“, изјавила таа за „Фокс њус“.
Таа ја спореди својата работа на страницата за возрасни со нејзините снимања за „Плејбој“ и рече дека овој пат има креативна контрола.
„Поставувам само слики што ги сакам и кои сакам светот да ги види“, рекла таа.
Таа додаде дека на „Онлифенс“ не го покажува целосно своето голо тело и дека се труди да внесе уметнички и значаен пристап кон нејзините фотографии.
„Всушност, работам како во ‘Плејбој’. Продолжувам со тоа, создавам прекрасни уметнички фотографии како во ‘Плејбој’. Не покажувам голотија под половината, тоа е единствената разлика, но се трудам да ги направам многу уметнички, убави и значајни“, изјавила актерката.
Инаку, покрај работата за „Плејбој“, Бранд беше во врска со Хефнер една година. Таа претходно беше во брак со НФЛ ѕвездата Глен Кадрез, со кој има два сина.